А фустанот ѝ игра, ѝ се затегнува околу колковите, околу бутовите.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Пелагија престана да ја негува Пелагија, не ѝ го негуваше лицето, не ѝ ја чешлаше косата, не ја капеше еднаш неделно во дрвеното корито среде одаја, туку еднаш месечно, фустаните ѝ ги врза во бовча а бовчата ја напика под одарот, убавото, мургаво тело ѝ го пикна во стари војнички пантолони, цврстите гради ѝ ги стегна со стишно плетена блуза, косата ѝ ја напика во црн каскет и од мома ја претвори во бербатен маж.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
И не случајно џезот ѝ прилега на Америка како што летен фустан ѝ прилега на убава краковска девојка.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Кога Стела ќе ги искачи двете кофи со малтер на скелето кај Богдан, ги турива подолго време во текнето свртена со задниот дел кон Богдана и поднаведната при што поткренатиот фустан ѝ ги открива бутините.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
По некое време, одгоре иде една модна, ама фустанот ѝ се залепил со кожата. Со неа еден, како го викаат, де, а кавалер.
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
КОСТАДИН: Ако, Зафире. Запеј, само нешто мирно, широко...
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)