Тоа ги открива оцртите на политиката на емоцијата што на геј-мажите им е заедничка со жените и со другите подредени лица чии желби се обездозволени и кои не можат да ја добијат почитта што ја бараат: политика на хистерија или емоционален вишок.293 Ваквата хистерија уште повеќе се зголемува со делегитимирањето на сите јавни пројави на хомосексуално чувство.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
И така „шизнувањето“ го означува сосема спротивното на општествената делотворност.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Баш немоќта на Џоан Крафорд ѝ го разгорува бесот: не може ништо да стори, може само да се издувува.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Наречете го тоа моќ на хистеријата или наречете го востание на абјектните, наречете го дури и феминистички гнев: можеби сите тие се различни имиња на едно и исто нешто.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Наеднаш спротивставувајќи ѝ се на презирната ќерка со секавичнa јарост во онаа прочуена кулминациска сцена, таа ѝ дава речовит и гламурозен израз на жестината што веќе им тлее на долго маргинализираните и малтретирани луѓе – жестина што лесно се разгорува во услови на краен стрес.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Во Милдред Пирс, Џоан Крафорд отелотворува токму таков вид на жестокост.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)