Ова е граѓа за народскиот стереотип.
Можеби баш затоа, ако со безизразно лице тврдите дека машката хомосексуалност подразбира збир нестандардни културни практики, а не само некои нестандардни сексуални практики; ако приречете дека постои некаква машка геј- култура, ако навестите дека мора да има некаква поврзаност помеѓу некоја конкретна сексуална определба и некаква наклонетост кон извесни културни облици, веројатно луѓето веднаш ќе ви се побунат, ќе наведат илјада и една разни причини зошто такво нешто е невозможно или бесмислено или навредливо и зошто секој што мисли поинаку е заблуден, сосема старовремски, морално сомнителен и политички неодговорен.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Како културна практика, машката хомосексуалност подразбира својствен начин на примање, претолкување и преупотреба на главнотековната култура, својствен начин на декодирање и рекодирање на хетеросексуалните или на хетеронормативните значења што се веќе кодирани во таа култура, со што почнуваат да дејствуваат како носители на геј- или на очудено значење.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)