Годинава црквата ја празнува 700-годишнината на најпознатиот хор во Германија, составен од членови на возраст од 8 до 18 години.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Гласовите се престорија во хор во кој водечки алт го врескаше моето име – тоа гласот од шалтерот упорно ја истураше својата еднолична содржина.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Тоа е вев на безобразното мешање на хорот во приватноста. Тие, Хорот. ***
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Тој обичај да се вметнува хорот во разговорот на Возљубената и Возљубениот трае низ целата Песна над песните, и за мене е несфатлив, оти некаде она што го говори Хорот поминува и во дрскост, во мешање во интимата, во заповед што да се избере а што да се отфрли.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Партијата на здравиот народен дух е еден огромен хор во кој секој може да крека колку што сака, но под услов да крека и да се движи во брановите должини и фреквенции на крекањето; не може, на пример, некој да мука кога сите крекаат.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Ете, тоа беше есејот, напишан со многу младешка повреденост, поради Луција, со многу енергија и омраза кон оние кои сакаа да ми ја одземат Луција, да ми ја грабнат, да се постават меѓу нас двајцата, да бидат Хор во нашата Песна над песните.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Се сети дека Христина оди на хор во хорското друштво „Кајмакчалан“ и дека тоа е секој вторник и петок од 16 до 18 часот.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Раководителот на хорот во сив капут од тоалденор и во тоалденор пантолони, со двете раце го удираше тактот и вртејќи се, викаше: - Втори гласови, потивко!
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Со напрегнати, истегнати вратови, гледајќи го расцутениот маж кој стоеше во центарот, стариците пееја.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)