Тогаш таа слегла во подрумот и сета храна им ја раздала на гладните комшии, а задржала само кромид, домати, пиперки и модри патлиџани од кои му подготвила вечера на недоверливиот имам...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Денес, му рекла таа на имамот, ви подготвив убаво јадење за да зајакнете и да уживате во вкусот!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Ако клунчињата им беа намачкани со кашата, тие се бришеа удирајќи ги клунчињата од подот; ако некое зрнце храна им останеше на аглите од устите, тие ќе го поткренеа ножето и со малата канџа ќе го отстранеа зрното; ако некоја ронка им пречеше, малото клунче ќе се закопаше во пердувестиот мов и ќе се забодеше до местото каде што ги чешаше ронката; ако некое од пиленцата здогледаше дамка од кашичка на клунот на друго, ќе ја клукнеше кашата со врвот на своето клунче.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)