Човек имаше чувство дека таа живее без храна или вода, па дури и без воздух, дека во себе ги содржи сите органски, хранливи и атмосферски елементи потребни за нејзиниот опстанок, за нејзиното милениумско постоење.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Крупните планови на сочната храна или на лежерните површини на музичките инструменти сугерираат на мементо мори на Pjetr Klaesc или Jan de Him.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Нема ништо попротивречно со човечките и ѕверските закани бидејќи ѕверовите, едни на други, секогаш си ја прават честа да си ја делат храната или да се грабаат за неа.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
И шесто, кога професио- налната рехабилитација се извршува надвор од престојувалиштето на инвалидот на трудот, а при тоа не може да се обезбеди постојан превоз 100 од живеалиштето до местото каде што се извршува професионалната рехабилитација, од 2007 година законот определува на ова лице да му се обезбеди сместување и храна или надоместок за сместување и хра- на за време на професионалната рехабилитација (чл. 17).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Во првите денови некои од кучињата го гледаа душмански, непријателски како да им е тој виновен што се затворени овде, терајќи инает и 'ржејќи на него секогаш кога ќе го видеа каде што им носи храна или им го чисти изметот со лопатата или ги носи под тушот или во кадата на бањање, при што Богдан трепереше од страв да не го каснат; имаше и такви што беа кротки како јагниња, кои му се умилкуваа и го лижеа по рацете или му легнуваа да ги погали со раката, да си поиграат со него.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)