Се разбира, не е само раскошот единствената причина да се видат обата дворца, туку уште повеќе и фактот што низ нив се гледа релјефно раѓањето и пропаѓањето на едно царство, особено убаво предадено низ портретите на падишасите, сместени во една галерија на „Топкаписи“, низ чии ликови се чувствува топотот и растежот, славата и пропаѓањето на аџеилуците со нивниот последен изданок Решад, чија старечка физиономија соодветствува на „Болниот од Босфор“ - отоманското царство во распаѓање...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Србите не заборавија дека Скопје беше главен град на Српското царство во ЏИВ век.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Но тоа царство беше мултирасно и со краток век.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Мехмед се занесуваше со мисла да создаде српско муслиманско царство во Европа и таа мисла го гонеше да им го наметнува исламот на сите Срби што ги покоруваше, но знаејќи го верскиот фанатизам во негово време, работеше претпазливо да не ги оттуѓи со тоа оние што не би го примиле исламот.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)