Духот на едно место е целина на луѓето и на природата.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Без скршнување, расцепувајќи ја целината на снегот во една права линија, самјакот ја имаше пренасечено долината, префрлувајќи се од шумата од едната страна на Белата Долина, кон шумата од другата страна, оставајќи ја по себе оваа длабока трага, во која можеа да се распознаат и стапалките на неговите копита, големи колку на јунче.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
„Евангелист”, кратко одговори Беренц. „О, сум влегол во толку евангелистичките храмови на горна Германија.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Во дното под неа стоеше наместен дебел трупец, се чинеше како челичните запци само што не се имаа вкопано во црвеникавата, искружена од годовите, целина на буковината.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Првиот чекор се вика сегментација и во него целата површина се дели на сегменти кои се кандидати за различни смислени целини на сликата.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Јас сум Европејка. Дел сум од овој континент, како интегрирана целина на еден поредок.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)