Фаќаше од око најнеочекувани рекурси, се наведнуваше и се искачуваше со камерата како со џебен фотоапарат за семејни фотографии, ги ловеше последните зраци на сонцето по брановите преку камењата, правеше смели швенкови од карпестите врвови до распенетите вирови, се задржуваше со крупни планови по брановите бистра вода што ги преплавуваа изделканите белутраци по свиоците, успеваше да фати и по некој растреперен цвет на колонеж или скриена циклама во цепнатинките на скрките.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Карпата само меко се тргнува во темнината (а во собата сега навираат од цепнатините на закнижените прозорци сончеви зраци) како да го избегнува болезнениот допир на чеканот, се бранува, час истакнато грозна, час магличесто мека и рамна.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Можеби самиот измислуваше. Но тој сето тоа го виде низ цепотината на иконата, брзо, во миг, и се исплаши, ја стисна иконата врз гради, падна на коленици.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)