Стражарот го забележа огнот од цигарата и ја зеде пушката на готовс, но знаеше дека кој чури цигара не е лош човек, та го дочека на десетина метра пред него и силно викна: — Ќим с'и сен (Кој си ти?) — Бен'м коџабаши (Јас сум кметот) — одговори Илија и му се приближи.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
И чадот од цигарите не им се помрднува од пред лице.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Остана така, дури цигарата не зеде да му ги пече прстите, а после ја фрли и загази кон смреките.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
— А бре каде, ефенди; (за рајата сите Турци беа ефендии) носа еден важен абер на муљазимот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Беше сосем можно лицето на соседната маса да е шпион на Полицијата на мислите и сосем беше можно тој да се најде во визбите на Министерството на љубовта во рок од три дена, но една половинка од цигара не смее да се упропасти.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Оган не се пали ноќе, цигара не се пали. Ништо.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)