Немилиот настан, кој спротивно на законот никаде официјално не беше евидентиран, ниту пријавен од страна на работодавачот, се случи кога, и покрај очигледниот дефект на машината и потребата од негово отстранување (отпушување на цревото за нанесување малтер) – а за да не се губи еден ден како би се отстранил дефектот на професионален и безбеден начин, сопственикот на фирмата нареди веднаш да се отстрани дефектот и да се продолжи со работа „на негова одговорност“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ако сакаш јас ќе го иставам цревото за полевање, татко.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
По ова следуваше и редовен амбулантски третман во оваа клиника за офталмологија, а во октомври 2007 со стручен наод и мислење бр. 159-07 на лекарски тим од ЈЗУ Психијатриска клиника (доц. д-р В. Вујовиќ и м-р М. Наумова) – како резултат на чувството на инфериорност и инвалидизираност – беше укажано и на неопходната потреба од туѓа нега на пациентот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ненадејниот импулс да го исклучи цревото за полевање, дојде како наредба од Домаќин, која сега лежеше свиткана среде ластарите на краставиците, само на дванаесетина стапки оддалеченост.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Зар апсурдноста на повикот од еден државен систем со кој не се идентифицирам може да ме регрутира и да ме испрати на фронт каде ќе ми ги истурат цревата за цел која ми е далечна колку и септичките јами во некое од предградијата на Рио де Женеиро, може да се нарече морален, а моето дрогирање да се оквалификува како неморално?
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)