Би можел повторно да ги стави, а на жената и девојчето да им објасни дека е сѐ настанато само поради една случајност - цртежите не биле добро прицврстени, па тој поручеква ги симнал, но утре пак ќе ги изложи, и на подобро место, дека го заслужуваат тоа.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Ако ја бара грешката, таа потекнува отаде што цртежите не беа одбиени на време, дури учителот уште не им соопштил на децата кои работи се примени за изложбата.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
На пример, аранжманот на текстот “Empty words” со знаците на интерпункција и со Торовите цртежи не само што подразбира субјективно гледање и слободен избор и размена на елементите, туку паѓа во очи и со својата произволност и насилството кое го врши врз јазикот.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Во јули застанат во вашиот двор да ја кренам раката наспроти сонцето и внимателно движејќи ја низ воздухот да се одрзува сенката на секој нејзин потег како оган што да го нагризе ѕидот сѐ дури мислата на тој цртеж не се вглоби во душата на каменот сѐ дури среде ова болно јаве на животот ѓаволски убава одново не се покажеш ти наведната како му ги замиваш раните на вашето болно ждребе и гледаш на мапата на неговата засушена крв пат што скршнува кон вилински езера и коњ на патот што `ржи самоти ѕвездите и стебленце бела бреза што се ниша над младичот.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)