Безброј пати ми раскажува: ме бањала кога сум бил бебе, перела и спростирала пелени, ме развиткувала и повиткувала, ме нишкала и ми пеела - Думба, думба, детенце, баба празно вретенце, - и - Цуцул пасе говеда - и ми кажувала многу други броенки и залагалки.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Цуцул пасе говеда покрај река Ситница поминала лисица: - Добро утро Цуцуле. - Дал бог добро Лисице.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)