Вратата беше отворена затоа што домаќинката, приготвувајќи некаква риба, направила толку чад во кујната, што не можеа да се видат дури ни лебарките.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
На накривеното куќиште била заглавена над вратата икона од оревово дрво: безимен светец со чудесно лице на млад левент во пламена облека и со пламено копје во пребелите раце јава градест и гривест коњ и убива ламја со густ тутунски чад во ноздрите, боде многузаба исклештеност со грбник на костреш, а во далечина, под замагленото лилаво и алово небо, пукаат планини на чии преслапи зарѓуваат капки сонце - тече црна крв меѓу премазни камења, опашот на чудовиштето со последен бес се обвива околу младите нозе на белецот, земјата испукала од морничавост, во пукнатините повеќе се насетуваат отколку што се гледаат змии и гуштери.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Брзал кон куќа со гнил дел на чардак, тврдина на стаорци или човечко дувло од плитар што не можело да има поинакви прозорци освен од парчиња момирок врзувани со олово во несигурната рамка на квадратот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Погледнете! - им покажа со раката кон прозорецот низ кој влегуваше чад во црквата.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
На тромавиот чад во крчмата, светлоста виси во крпи.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Уште по патот од станицата, мајското сонце го натера да се почувствува нечист и обледнет, како суштество од затворен простор, со лондонскиот чад во порите од кожата.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Само Апостол Макаровски пуши, ја тркала цигарата меѓу прстите, испушта долги облачиња чад во лицето од Ристо Коларов.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)