Друго чаре нема, — му даде Бахтијар инструкции на бимбашијата и го испрати некаде околу Петровден да го брка Толета по Мариово.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Племната, деца, ваќајте а племната; ако можите во сламата да се позатоплите, друго чаре нема, — им советуваше дедот Бале на своите десеттина членови од семејството.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Дома останаа да господарат Анадолците.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
За две три недели ги нагази Стоја и Петка по Маргара и Смечот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
„Мора да се станува, друго чаре нема“, си велев.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Такво беше времето. Или ти твоето или тие нивното. Трето чаре немаше.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Друго чаре немаше, Ѕвездо моја, ќе издржат, душичките, како што ќе издржиме ние двајцата.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
За вас друго чаре нема, пријатели, освен да седите в дупки скриени дури да си намножите челадта, да после и ако изедуа мачорот по некој глушец од синои ви, што не ќе ве слушаат и од дупка ќе излегуваат, нема ништо тогај - речете на десет една и друго ништо.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Бараме суперјунак, луѓе, дуго чаре нема. од злотвори косата ни се ежи.
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)
Го чувствувам немирот, ќе нѐ втаса и нас! – Да не си наумил повторно да бегаме? – се огласи Мајка неочекувано. – Друго чаре немаме! – Како, каде ќе бегаме, црни ние!
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)