Дури почнал да се плаши дека го имаат заборавено.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Го одвел автомобилот до касарната но таму веќе немало никаков Штаб; Штабот веќе бил повлечен негде надвор од градот, а стражарот пред касарната му рекол дека и тој чека наредба да се повлече, цели шест часа веќе ја чекал смената.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Почнала да зборува. За еден час веќе биле стари пријатели, а за два, веќе заборавила дека неговите крилја, воопшто, постојат.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
По половина час веќе му ја предадов тајната на Пенча, еден од најголемите меѓу нас од улицата, своеволен, тврдоглав сирак, вљубен во себе.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Баш под чепурот на кацата беше крснозе седнат Бенедето Кроче - обул гумени чизми и навлекол пластични ракавици и со часови веќе се мачеше да им објасни на насобраните луѓе дека на дното на кацата се ставаат најголемите бабачки зелки и дека на врвот на пирамидата секогаш се најмалите зелчиња (најмалите – најубавите, како што одамна беше било се рекло).
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Во шест часот веќе се возеше на работа, а кога стаса го паркира автомобилот во големиот двор каде сите други исто така ги паркираа своите автомобили штом ќе изгрееше сонцето.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)