Се поткачува на столот и го отвора стаклениот поклопец на часовникот; ја брише прашината со ракавот и врти со прстите на металните крилца за навивање; го навива и часовникот почна да чука; времето оживува во него.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)