Одговорот нѐ води настрана од класните асоцијации на операта и чекор поблизу до сознанието како стилот на извиков е кодиран за род и сексуалност.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Кој е машкиот геј-повик во исказот Ritorna vincitor!?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Веќе знаеме на кој начин спортовите се општествено обележани како мажествени, додека изведбените уметности се општествено обележани како женствени: сето тоа има врска со конкретната општествена кодираност на постапувањето наспроти настапувањето, на борбата наспроти изведбата, на активноста без сценарио наспроти активноста според сценарио, акцијата наспроти играњето улоги – и, поконкретно, со конвенционалните, поларизирани родови вредности и значења што им се припишуваат на тие дихотомии според една строга, бинарна опозиција меѓу мажественоста и женственоста.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Општествените дејства на машката геј-култура, конкретно на нејзините иницијациски практики, ќе морале да надоместуваат за таинствените, елитистички одлики на оперската форма кои, во спротивно, ќе ја ограничеле способноста за нејзино доживување само во кругот на културно софистицираните.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)