Со тоа математичкото мислење направи одреден чекор назад кон анализа на системот.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Со тоа го промени математичкото мислење така што направи одреден чекор назад во анализата на системите.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Петел направи уште еден чекор назад.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Жените се настрвија на зрелите и дрочни, црвени и црни капини, не мислејќи на трњето со кои се штитеа дарежливите плодови од ненамерните натрапници, а мажите го враќаа чекорот назад од помислата дека некој вол го подмочал пред да го однесат на колење за некоја трпеза надвор од листата за јадења.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Кога го осветли со свеќата, Филозофот отстапи чекор назад, ме фати за раката и рече: внимавај, да не ја допреш пајажината, да не се заплеткаш во неа.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Очекорив чекор назад и се загледав во бледите букви.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
– Генералот направи еден чекор назад, со раширени нозе неколкупати удри на земјата небаре проверуваше дали е доволно тврда за да го држи, потоа подигна глава и се загледа во врвовите на планината Бела Вода.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Но борбата со пропагандите во Македонија не е чекор назад, туку напред, зашто и тука имаме работа со борба за слобода, со борба со мрачните сили што не ѝ дозволуваат на нашата татковина сама со свои очи да ги гледа своите интереси, ами ѝ наврзуваат очила што ја замрачуваат вистината и ѝ придаваат бугарска, српска и грчка боја.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Му ги ослободува на Ристаќи рацете и, отстапувајки чекор назад, го вади пиштолот од појасот, му го дава на Ристаќија).
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Можел да ја здогледа и ужасната молба, пред чија расчелустена зинатост сега веќе не можел да стори ни еден чекор назад.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
И се истави еден чекор назад уживајќи во збунетоста на другарот, во неодредениот поглед со кој тој ја мери старицата.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Како да ги наплатуваше долговите: замавна со столот и ја погоди таа глава. „Еве ти“, рече „Еве ти, проклет месечару.“ Се повлече еден чекор назад не пуштајќи го столот.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
- Ати Мати, пушти го гласот - кажи ми сега колку е часот? - Еден чекор назад.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Чекор , па повтор чекор назад, не дозволува помин, очите нејзини ме демнеат и пазат.
„Од дното на душата“
од Александра Велинова
(2012)
Се загледа во едната, се загледа во другата, се поистави еден чекор назад, ги протрлка очите, кои му се навирија со солзи од напрегнатото ѕурење, промижурка со клепките, ги скрсти рацете, на градите, и почна да се клешти од смеа: – Ха-ха-ха-ха! Ха-ха-ха-ха!
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Војникот е повлече еден чекор назад и ја симна пушката од рамо.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Жената се повлече еден чекор назад.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
- Што се однесува до несреќата што нè повика на овој погреб можам да наведам повеќе причини.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Потоа погледна зад себе и стори чекор назад.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Навалувајќи се наназад, со столот на две нозе, смеејќи се, Џонс рече: Моите конерви од пиво немаат пиво во себе.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Враќајќи се во првобитната положба, не смеејќи се, помирливо и без срам рече: И јас имав незгоди; изгледаше дека тоа би можело да биде чекор назад.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Не говори за себе. Раскажува за другите. Дали сака да ги вклучи?
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Ги знае од дете, чувствува во себе, патот го гледа и при чекор напред и при чекор назад, останува верен на себе, и во тешкотија содава, дури и во беда.
„Илузија за сон“
од Оливера Доцевска
(2013)
Чекор напред, чекор назад, во реалноста бегство, така, во бунило, сѐ е лесно .
„Илузија за сон“
од Оливера Доцевска
(2013)
- Копај и ниту чекор назад!!! - ѝ се пристори дека некој заори над неа.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Отиде само чекор назад, тогаш пред неа ќе биди стрелачкото одделение или само командантот – под ѕид или навалена карпа или на стебло, бам и... - тесен, плитко ископан гроб - со малку земја, малку камења, лисје и гранки.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Нејзино е само да мисли затоа дека не смее, без наредба, да направи ниту чекор назад.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Шишман се заврати еден чекор назад, Љаке сега, дека ослободен, скокна на нозе, му се пушти на Шишмана: - Мајче ќе ти плачам јас тебе, - рече побеснето.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
- Ќе те сликаме, - рече и отстапи еден чекор назад, фрли поглед на двете страни кон офицерите: - Господа имам идеја.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)