Преку дворните места на имотскиот живеалишни куќи и низ Западна Порта излегуваат во оградите и низ бавчите, прегазувајќи ја Голема Вода, се завкачуваат спрема Коритница, сè со вјасање - Максим за чекор понапред од Васила и од Карамана.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Но сакам сепак нешто да ви предочам: ваквите неиздржани докрај предлози, поради некоја попатна грешка во нивното реализирање, а чија што единствена цел била да ве вброи помеѓу привилегираните, секогаш се чекор понапред во однос на оние случаи што не влегле воопшто во процедура.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Кога стигнуваат на Латинска Црква, веднаш над Кладенец, Максим застанува и се свртува спрема населбата: облеана со боите на залезот, таа изгледа како позлатена, а имотските прозорци и пенџерињата од четирите турски кули ждракаат право натаму, накај Плоштина.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Таа е само зрак на почиста енергија на љубовта како совршенство и затоа е секогаш еден чекор понапред.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Отец Стефан истапи чекор понапред, погледна во Филозофот со нескриен жар во очите, оти жеден беше за слава и пофалба, па прослови: „Ноќта откако логотетот ми издаде заповед и замина на спиење, јас влегов во храмот; калем зедов и книга, и црвило, и до полноќ се обидував да смислам писмо ново, букви подобни за владетелот наш.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)