Но сега, кога беше сигурен дека Чанга и козите се живи, кога се воспостави мостот помеѓу избраната смрт на Чанга и можниот живот, кога на овие страдалници повторно им се врати надежта, татко ми стануваше уште попотиштен, скршен што не можеше да го стори спасоносниот чекор. Таков чекор не постоеше.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Како на сон кога сакаш да викнеш а не можеш или кога сакаш да бегаш а ни чекор не можеш да направиш од некоја оловна тежина во нозете.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
И да посакам ни чекорите не би можел да си ги скријам. Низ куќата шетаме по налами.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Прашината подигната од развлечениот чекор не успева да ги покрие трагите што како лишај се втиснати во селската калдрма.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
И оттаму, од таа средишна позиција на духот, од таа ментална луцидност, која никогаш ни за чекор не отстапува пред материјалната реализација, прекумерниот значај што обајцата им го придаваат на белешките, цртичките, записите, фрагментите, скиците, на целата таа пишувана и цртана легенда, вечно фрагментарна, распрскана низ бескрајот, свесно предадена на скришноста, каде што доминираат игрите со зборови, калиграфијата во огледало, нејасните алузии, повеќе hors d’oeuvre отколку oeuvre, оттаму некој вид на дневник со кого таквото дело се храни. okno.mk | Margina #3 [1994] 13
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)