ПАНГАР- место веднаш зад влезот во црквата на кое има голема бакарна чинија во која верниците оставаат пари.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Освен тоа запаметив: три пукантини на ѕидот, скршена порцуланска чинија во еден ќош, нејасна слика крај вратата.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Колку и да ги учеа па и воспитуваа на училиште да си го прибираат цртачкиот прибор по часовите; колку и да ги навикнуваа на ликовната академија а и на постдипломските студии да си ги избришат четките, да си ги затворат тубите и да си измијат рацете со сапун од сезможните бои и терпентини, пред да седнат над чиниите во интернатската менза - Гого не ги прифати тие придобивки на цивилизацијата и како за инает го правеше спротивното.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
- А сега што работиш? - Ништо. Миев чинии во една акчилница и ми ја удрија клоцата. Украдов месо.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Грдан се врати со една чинија во едната и две виљушки во другата рака, Горда ги симна нозете од масичката за да отстапи место за салатата.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
На средината на масата имаше голема бакарна чинија во која луѓето фрлаа по некоја пара, и да купеа, и да не купеа свеќи.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)