ТЛ: Оффффф! Јас сум зависник од чоколада. Забележа синоќа, како келнерот автоматски ми донесе екстра чинија од десертот? Ја знаат мојата слабост. Дупла- доза, Тим.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
ВГ: Јапонските деца стануваат „хај“ од големи чоколадни табли сочинети само од шеќер и кофеин. Јадат по пет-шест вакви шеќерно-кофеински хај табли на концерти.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
(Ете, тоа беше нејзиниот успешен изум: преѓата да не се валка по земјениот под).
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Италијанецот или се налути, или му се слоши, стана, тргна кон вратата и при тоа ги забра чашите и чинијата од масата, ги бувна на под и излезе надвор.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Бошковица, која ѝ помагаше на снаата во миењето на чиниите од вечерата, му се приближи и го праша: - Бошко, да го запретам огнот?
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Таа бавно ги поткрена очите од чорапата што ја плетеше со пет игли и со конецот на вратот додека клопецот со преѓа шеташе по војничката чинија од алуминиум.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
ТЛ: Една од прекрасните работи во Неуроромансер е тоа прекрасно другарство меѓу Моли и Кејс. Тој ѝ пее додека таа си ги трие брадавиците а таа му зборува и му раскажува.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)