Возбуден и без здив, со чувство дека е и самиот со дупнати гради, Онисифор Проказник го гледал сето тоа со замрзнат прст свиткан околу чкрапецот на кобурата и можел и самиот да се прослави со своите стрелци: еден од противниците просто како да му го нудел челото. Сепак - не можел.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Во тој стравотен час како тоа да било најпресудно, ништо друго.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тој човекоморен виор, сеедно кој од каков сој е, од каква вера и какво потекло, им го пиел мозокот на луѓето и им ги јадел срцата, и никаков господ не можел да создаде поредок во кој ќе се живее и ќе се умира како што му доликува на најумното и најулавото суштество на светот што секогаш се движело по границата на доброто и на злото, ту со ум на една страна ту со срце на друга.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Не можел да го повлече чкрапецот на кубурата кон себе.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)