Таму може да се купи сѐ, ако човек заборавил да купи во текот на денот нешто за јадење или за носење, па дури и литература и што ли уште не!
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Иронијата го памти искуството
човекот заборава…
Кој владее со светот
ја знае моќта на јазикот
да мислиш едно
да кажуваш
сосема
друго…
Опстанокот е уметност на толкување
на фигурите на јазикот.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)