човек (имн.) - или (сврз.)

Стапалките колку повеќе се приближуваат толку повеќе се чини дека се умножуваат, дека не е само еден човек или само еден ѕвер, туку дека се двајца.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
39. Но тие луѓе или се ограничија со издавањето на неколку книшки на македонски јазик, или пак се ограничија со зборување македонски дома или со своите земјаци.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во градината веќе две недели не е излезен; две недели беше налегната густа магла како тесто; прст пред око не се гледаше; деновите минуваа без да се отворат; дрвјата тонеа како во длабока вода; понекогаш ќе изнуркаа со ветките како давеници што бараат спас; птиците изгладнети летаа низ маглата да бараат храна, а всушност се вртеа во круг; по патот или во селото повремено ќе се чуеше по некој вик на човек или рикање на добиток и ќе исчезнеше како потонат во бездна.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Со други зборови, се кладам дека Патнам (REF) го сметал системот за управување со абакусот како целина (без оглед дали движењата диригирани од правила ги прави човек или машина како дел од системот) - или ако не, тој требало да го смета.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Наместо тоа ако постојат доволно тркалца што можат да се движат и да се интерпретираат како аритметика, повторно, има ли некаква разлика дали тие се придвижени од човек или од машина?
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
О, води, мислеше, води, води, и јас сум од корен од своето небо матен но немам веќе сили да бидам и лут, вака без дефинитивна сметка што сум со едно срце, еден мозок, една бездомност - човек или вепар, со ситни капки грев во овие очи.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Наглас се кажа она што тој со денови го мислеше, неправдата што го гореше, агресијата врз неговиот личен и национален мир која не можеше да ја сфати, како што не можеше да сфати со која своја постапка, како човек или како Македонец, тој придонел да се најде во оваа ситуација.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Секавично му помина низ главата помислата дека човеков или е влечен по скалите надолу или просто е турнат со што бил докусурен.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„Дали волкот учи од човекот или човекот од него, не знам.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тој само ја пофати брадата, се загледа некаде неодредено над отец Пелазгиј и рече: „Кога морето ќе се отвори, пречесен, дали тоа го предизвикал човек или Бог?“ Пелазгиј рече: „Бог“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А тој ме викна вечерта во одајата на укорите, и почна да ме бие веднаш, без збор, без прашање; бараше да му ја откријам тајната ука на виѓавање на невидливото, оти сметаше дека тоа е ука што се учи, а јас ја кријам; и пак ме биеше, а јас му велев дека благодет е тоа, дарба божја што Бог на смерните им ја дава и на горделивите им ја одзема, дека дарбата не се учи како писмото и краснописанието што се учат, дека и сочинувањето сказанија не се учи и дека тоа или го имаш или го немаш, како што човек или се раѓа или не се раѓа, а никогаш не се случува да се роди половина: само со тело или само со душа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Или работат нешто луѓето или се тепаат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Никогаш не знаеш што раниш дома: човек или шпион.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Секоја материја во суштина е замрзната информација, без разлика дали е тоа стол или црн дроб од човек или кукаст крст.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
- Стар човек или стара грамофонска плоча?
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
“3 Во таа насока живото тело или „машина“ се разликува од неæивото не во основата, туку едноставно во тоа што е послоæено во однос на распоредот и функцијата на неговите делови и има поголема хетерогеност меѓу неговите најмали делови (атоми).
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ова Декарт го сумира во:“... телото на човекот не е ништо друго туку статуа или машина создадена од земја“, гледиште што подоцна ќе биде потврдено во мислењето изречено од Лајбниц: „Сè што се содржи во телото на човекот или во животното е исто толку механичко како и она што се содржи во еден часовник.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Рече: „Човек или гробник, она во што ќе се закопаат овие нокти. Некој ја следи дружината, ве пали.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ми рече да седнам до него. Го послушав и со задоцнување го прашав што лови.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Имаш човек или сам си на скарата? - Имам човек, скараџија, специјалист.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
А токму во тој момент, можеби поттикнат од измислиците што ги бев изнарекол , Зрновски ја фати раката на Јана, ја приближи до усните за да ја бакне а потоа ја потсети: - Еј, заборави да ми одговориш, дали ти се допаѓа овој млад човек или не?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Кога забележувавме човек или нешто да личи на човек, веднаш се криевме во ендеците, во грмушките, во дупките под шините.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Или се плашев од помислата дека можеби наидува некој црн човек или се возбудував поради можноста да се погодм да бидат чекори на некоја жена што ќе ја замислам и поубава и попривлечна отколку што може да биде.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Не знаеше дали е човек или вонземско суштество.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Третиот ден Бошко се чудеше што да прави: дали да им ги врати парите на луѓето или да ги чува уште некое време?
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)