Тој, прикрепникот мој, едвај вадеше по некој грош леб да донесе, та за в'на и козина ниет не стори да купи Токо . ,. дај ми ношчо Илково ако миа за потплетување: некој калци, некој чорапи или некоа аба.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Сите тие сега се во суштината на своето постоење: Лижат стапала, сеедно дали миени или немиени, дали преку чевли, преку чорапи или на босо.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Во секој момент од животот на кој можеше јасно да се сети, никогаш немал доволно за јадење, никогаш немал чорапи или долни алишта што не беа полни со дупки, мебелот секогаш беше исчукан и расклатен, собите недоволно загреани, подземната железница претрупана, куќите се распаѓаа, лебот имаше темна боја, чајот беше реткост, кафето имаше вкус на помија, цигарите ги немаше доволно - ништо не беше ефтино и го немаше во доволни количества освен синтетичкиот џин.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Кај Тода пак, како кај делница и како најверна на Рожденката, секој ден идеше Нешка со ракав, чорап или фурка на работа и разговор.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
- Мајка ми нѐ научи да зафати чорап или нешто.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)