На ручек му ја носеше чорбата или само парче леб. На Арсо обично не му се јадеше.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Бидејќи без грб, Грдан си остана без работа - го поминуваше денот во читалната на библиотеката, ноќе како илегалец преспиваше во студентските бараки, а напати растоваруваше железнички вагони и товареше камиони на осмиот колосек за да дојде до некој денар за чкембе - чорба или ладен бурек.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
6. Од одолженото колку и мачно траќање по ќошињата на џипот, од здодевното и систематично предавање на опремата, од иследничкиот претрес на снимателот да не прикрил некој задолжен дел во мангупскиот џеб, од разделбата на екипата што требаше да биде барем надежна а беше сосема погребна - Ване дојде дома со торбата на рамо што му се виде лесна и мека како јарешка кормушка: одраното јаре го однеле на ражен меѓу луѓето што газеа со чизми и по килими, а нему му ја оставиле кожата да вари ретка чорба или да врзува опинци со слепи јазли.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)