— Аман господине, аман. Еве и ефендиите, еве ве вас, шо знајте правете си, шо су крив јас, шо ме топате? — застенка тој и падна на чардакот, на неколку метра пред масата каде што седеа гостите и чорбаџи Сиве.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Тури мори, Вецо, да се напиеме; нека пукнат душманите, нека се радуваат пријатели! — заповеда чорбаџи Сиве и посегна да ја земе чашата од дизгот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)