Така, Беркли тврди дека спознанието е поделено - сѐ што запазуваме, запазуваме или непосредно или посредно: со осетите или со разумот и рефлексијата’ (12), но ‘ние го сфаќаме нашето сопствено постоење со внатрешно чувствување или рефлексија’ (13).
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Да скратам, постои ли машки геј-еквивалент на процесот на примарна социјализација?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
И навистина, ете и самата „геј- и лезбејска уредничка на ТОНИ, Бет Гринфилд, признава дека геј-културата „можеби е концепт што тешко може да се дофати“ (иако „е концепт за кој е и тоа како интересно да се размислува“).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Токму такви се прашањата за кои дава одговори нашиот модел на културна поетика, барем на еден општ и хипотетички начин.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Зашто, веќе ги утврдивме трите услови чие содејство е и нужно и доволно за да се објасни општествената репродукција на машката геј-култура. (1) Дури и ако конвенционалните, хетеронормативни жанрови на дискурс се исто така и жанрови на чувствување и стилови на лично изразување; (2) ако главнотековните жанрови на дискурс, жанрови на чувствување и стилови на лично изразување се кодираат за родот и за сексуалноста според стандарната културна поетика – така што се интонираат со конкретни општествени вредности што различно се поврзуваат со конкретни обродени или сексуални улоги; и (3) ако таквите жанрови на дискурсот и стилови на чувствување или на изразување се обликувачки за одделните субјекти уште од раната возраст во животот – тогаш навистина е возможно во машката геј-култура да има нешто како примарна социјализација, доколку извесен дисидентски однос кон тие жанрови на дискурсот и на изразувањето претставува дисидентско обликување на родот и на сексуалноста.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Децата може да бидат во некоја ограничена мера изложени на високоразвиените културни облици што содржат и што одржуваат жанрови на дискурс и на изразување – а дури и да се изложени уште од рана возраст на, да речеме, мјузикли или на мелодрами, можеби нема многу да извлечат од нив – но тие се длабоко изложени на стиловите на лично изразување што тие форми ги дефинираат, бидејќи таквите стилови на изразување го обликуваат секојдневниот емоционален живот и ги конструираат разните прагматични начини на кои старателите на децата зборуваат, се изразуваат и се поврзуваат со децата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Во секој случај, Њутн би регистрирала некакво свое недоразбирање, но не нешто потревожно – како, на пример, некакво нарушување на конвенционалните обрасци на нормалното човечко чувствување или кршење на оние најосновни општествени очекувања што ги исцртуваат границите на разбирливото во дадена култура.
Она на што смеата не му е конвенционална генеричка реакција е... трагедијата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
На значењето на стилот, на далекосежните естетски, родови и сексуални последици на формалните стилски разлики, на составните елементи на прагматиката на родот – со еден збор, на културната поетика на човековиот субјективитет.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Иако машката геј-култура можеби веќе не е преокупирана ниту со Џоан Крафорд ниту со Бети Дејвис, таа и понатаму им издвојува голем дел од своето внимание на холивудските ѕвезди, на дивите, на поп-иконите и на разни современи женски ликови кои отелотворуваат разни комбинации на сила и страдање, на гламурозност и абјектност, на моќ и ранливост.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
И натаму страсно се вложува во естетичноста и се пројавува ироничен вкус за мелодрама, и како естетски облик и како начин на чувствување или лично изразување.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)