Се извиваше и се мачеше да се извлече од шепите на двајцата.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Студена пот го облеваше Арсо и дланката му се лизгаше во шепата на Глигор.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Светецот што ја бранеше на икона православната вера со тризабец имаше лице какво што еднаш ќе може да го има мртов Јаков Иконописец од Кукулино.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Дали само покојниот Дмитар-Пејко, некогаш Димитариноарие, знаеше какво чудовиште нѐ следи и чувствуваше ли тој на своето грло, како што чувствував јас, влажни и лепливи шепи на магла?
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- И слепо и чкулаво подава рака по змиско јаболко, се лутел Симон Наконтик како осамен светец на семожни гревови позамрсени и од волчи црева, всушност повеќе исплашен отколку величествен набожник зашто го потресол крик на див петел од лесковата шума на селото, предупредување на смртта што брза кон такви каков што бил тој, за кого женското милување претскажувало почеток на пропаѓањето на светот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Ме повикува врсникот Неделко Шијак, пак шепотел со стиснати шепи на градите божем држи рабови на миросано платно со кое си ја штити душата од отровни повити, но Богоја Гулабарин, Пане Долгманов, Цветко Грнар и Илчо Просинек, веќе се здоговориле ојуначени од ракија да ги здружат сурите волиња во две двоколки и пак во ново јунаштво се клештеле и се подбуцнувале со лакти превесели и за свадба; со сладосни гласови од кои и птици ќе се разбуделе го распрашувале старецот кога ќе се стрчне подмладен и избричен кон цицлестата Фиданка да ѝ го покаже мускулестиот стомак и сѐ друго што е машко на неговата ластареста става; им говорел со ѓаконска самоувереност - Ќе дојде потоп, господ ќе ме држи да не потонам а вие ќе пекате по мене и ќе ме молите ропски рачињата извалкани да ви се држат за учкуров, да ве влечам по бранови и пени.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Дедо Мраз ги натовари шепите на мечињата со чоколадни бонбони кои куклата – убавица, со помош на џуџињата, ги извади од црвената кутија на која се потпираше.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Запреа пред шепите на исправената мечка на која, секако, не ѝ беше по волја некоја да ѝ се натрапува во територијата.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Да вмешаат недолжни, да ги принесат пред гнасните шепи на злото, жртвеникот на злото – рече старецот. – Опседнатоста е како зависта, но и повеќе од тоа.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)