Како што можете да претпоставите, со семејството припаѓаше, фала му на Севишниот, на старата, сефардска, не на новава синагога на „Космајска” улица во која одат мондените и доселените Ашкенази.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Палтото му е ветво, а цел век го помина како шивач во дуќанот што, заедно со ибришимот, метрото и ножиците ги наследи од татко му.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Гиче Ошавков од Дебар, шивач во Битола, бил еден од најактивните и најспособни снабдувачи на Организацијата со оружје.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)