Но какви такви, Толе поткрена неколку стотини души од своите села, a со оние што ги доведоа Андон, Петко, Стојо и дедот Коле се собраа над илјада и се ставија на расположение на војводите.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Го гледате шишот мој? Муш, муш, муш! Ќе измушкам најмалку десет аскери со него во Витолишча, — се шегуваше Илко Корунов од Бешишта, одејќи по Бешишкото Поле со сакмата нарамо и еден крклиг врзан на стап со подвеската од десната нога.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)