По полето се гледаат расфрлани черепи и човечки коски, шлемови и штикови од војните минати.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
А на пругата, што ќе видиш: купишта војнички казанчиња, матерки, порции, пушки без кундак, железни колци и ногалки од топови и шлемови и што не. Сето истурено, израстурено, сплескано.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Најпосле се проѕевна и се извлечка од војничкиот кревет, ги истресе отпушоците и пепелта од облогата на шлемот и го стави на глава, така што му ги прекри очите.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
По сѐ изгледало, војникот со шлем и со машингевер на градите, извидник, курир за воени врски или паничен дезертер пред пропаста на Хитлеровиот Рајх, бил убиен од некој шеесетгодишен свештеник Доситеј Давидовски со куршум на тулски нагант од заводот на императорот Петар Велики зашто црниот мотоцикл го присвоила месната црква.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тоа се случило во ноември, илјада деветстотини четириесет и четвртата, триесет и една година по смртта на големиот раскажувач Лозан Перуника.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
XXIV Уште од рани зори луѓето во селото почнаа да ги буди лавежот на кучињата и некаков тропот; стануваа од постелата, ги лепеа очите на прозорците, излегуваа на чардаците и гледаа исплашено: колони војници врвеа низ селото; им светкаа шлемовите и оружјето на виделинката од зората; од сите сокаци се точкаа војници, а коњите што влечкаа тешко оружје, опрема, муниција и казани за јадење, врвеа по широкиот пат крај езерото; фрчеа коњите со носевите, збивтаа под теретот, чувствуваа жед и ги вртеа главите кон езерото што на утринското ветре шлапкаше бранчиња на брегот; од војниците избиваше пареа поднаведнати под тежината на ранците и оружјето; кучињата непрестајно лаеја и напињаа на синџирите да ги скинат; оние што беа пуштени, се втурнуваа кон војниците, но кога ќе добиеја клоца, ќе сквичеа, се тргаа настрана и продолжуваа да лаат.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)