Рамката на приказната што послужила за подлога на варијациите е следнава: јунакот, „напатен човек” се вплеткува во тајна шпионска дејност (го заменуваат со вистинскиот шпион, шпионот во неволја му предава некаков таен документ, непредвидливо му раскажува за некаква случка и т.н.) и неправедно е обвинет за противдржавно, односно за криминално дејствие; освен тоа, јунакот располага со некои податоци каде да се бараат вистинските виновници (во „39 скалила” јунакот знае дека водачот на шпионската мрежа живее некаде во Шкотска, на село и му недостига делче на малиот прст на десната рака), бега и самиот се впушта во лов по него; така, јунакот се наоѓа во положба на „прогонет прогонувач”, полицијата му е постојано на трага додека самиот ги прогонува виновниците; на патот што, според правилата, го води до другиот крај на државата, го очекуваат безбројни ексцентрични настани меѓу кои особено се истакнува настанот, по кој тој се сврзува со убавата девојка која на почеток не сака да му помогне и сака да го предаде на полицијата; подоцна таа се нафаќа да му помага; случката завршува така што злосторниците се откриени, јунакот е ослободен од вината и започнува да живее со девојката.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Сѐ поголемата самостојност на Милдред и економската обезмаженост на нејзиниот сопруг им го растураат бракот и ја туркаат Милдред во врска со сладострасниот, етнички нејасен изданок на едно аристократско, но осиромашено семејство, Монте Берагон (кого го игра Захари Скот, пресно излезен од впечатливо опачното деби како лошиот шпион во филмот Маската на Димитри од 1944 година, заснован врз романот на Ерик Амблер).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Филмот што произлегол е поучна, предупредителна сказна за злото на разводот и за русвајот што го предизвикуваат независните жени.266
Проблемите започнуваат кога сопругот на Милдред ја губи работата во текот на Депресијата и кога веќе не може да си го издржува семејството, што на крајот ја тера Милдред да преземе и таа да носи леб на маса и да стане – со тешка, самопрегорна работа – успешна, авторитетна и, најпосле, богата деловна жена.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ретки злобници потајно тврдеа дека тој бил уфрлен шпион во Козар маало, постојано соработувал со властите, а сега сите ги оставил на цедило!
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Каљостро: А сега саундтракот од Палп Фикшн што љубезно ни го донесе нашиот шпион во естаблишмент-круговите, господин Трифолио...
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Посебно беше воодушевен од хартиената фигура на главата на Големиот Брат, широка два метра, што ја правеше одредот на Шпионите во кој членуваше неговата ќерка.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)