Би можел да се заколнам дека тоа е коњот што ми беше украден пред многу недели.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Еднаш, во шталата во која спиел на душек, Илчо Просинек се сретнал со повампирениот пакосник.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Видливо поистоштените останале да спијат по слабата вечера кој каде, во своите двоколки или во некоја плевна, или пред штала во која добичињата си ги плеткале роговите над грст сено, половината отишле со Онисифоровците да ја пребаруваат шумата над селото, за стражари биле определени Лазар Аргиров, Јован-Стојче Столетников, Никола Влашки и Арсо Арнаутче.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Доаѓал во бела мантија и во чорапи од козја кожа. На вратот му виселе недоза’рѓани клопотарци.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Господи, ги извртувал очите. - Никој мене не ќе ми донесе крст од бел камен. Никогаш, знам.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
На тоа место некогаш навистина постоела штала во која богаташите ги чувале своите коњи.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Таа правеше мачни обиди, двапати речиси падна, но на крајот летна, високо и право. Две недели секое утро рано братучед ми Мурад и јас го земавме коњот од шталата во опустеното лозје, каде што го бевме скриле, и го јававме, и секое утро кога беше мојот ред да јавам, коњот се веднеше над лозите и ситните дрвја, ме исфрлаше и трчаше понатаму.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Наспроти беа пространите штали во кои некогаш фрчеле штаерски коњи. Овој пат зјаеја празни.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)