Кога Филозофот го прашал слепиот од каде знае што е напишано на штичката, кога тоа што е напишано сочинето е со букви за него незнајни и неразбирливи, овој му одговорил: „И кога допирам запис од писмо непознато, јас знам какво собитие е запишано; така, кога ми ја даде штичката со твоите букви, јас видов дека за мене тие знаци се непознати; но сепак разбрав за какво собитие говори записот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Насекаде наоколу непозати луѓе се фрлаа на земјата, ги бакнуваа штичките со напишаните имиња, пискаа, редеа слики со рамки на гробовите.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
А кога ти ми ја даде утринава штичката со буквите на јазикот твој, видов дека од буква до буква, топлината и светлината на секој знак се совпаѓа со записот од мојата штичка; еднакво собитие запишано беше и ваму и таму.“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Но, Филозофот решил да провери дали старецот говори вистина: преку ноќ, на една празна штичка со сосема други букви ја запишал истата историја, онака како што ја чул од Кападокијецот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)