Една од причините поради кои првенствено ја избрав Џоан Крафорд и што решив да го проучувам фрапантниот спектакл на измешани гламурозност и абјектност кој го приредува, и во Милдред Пирс и во тоа што произлегло понатаму, е тоа што нејзината гејска привлечност нѐ тера да се соочиме со два ноторни аспекта на машкиот геј-субјективитет кои ги прават денешните геј-мажи особено гадливи – па затоа и особено ненаклонети да ги истражуваат: имено, идентификацијата со жените и приврзаноста кон мајката.355
Овие две теми се и средишни и табу во современата машка геј-култура.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Си беше еднаш едно време кога геј-мажите ги биеше глас дека не можат да зборуваат за ништо друго освен за мајките.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
А токму такво чувство можеби машката геј-култура им предизвикува и на многумина геј-мажи, како и на многумина стрејт-луѓе, кои учествуваат во таа култура. (Значи Фелоус не греши сосема кога машките геј-практики ги толкува како женствени.) Но тоа не мора да покажува дека геј-мажите спаѓаат во трет или меѓупоставен пол, дека имаат различна биологија или психологија од стрејт-мажите, ниту дека имаат некоја посебна, суштинска, архетипска природа.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ни оддалеку не се изумрени – како што ќе ви посведочи секој што бил на дрег-претстава или што го гледал филмот на Педро Алмодовар Сѐ за мајка ми од 1999 година, кој сјадрува една цела традиција на културното размислување на геј-мажите за своите односи кон женственоста и кон ликот на мајката.356 Но, денес ниту еден геј-маж што држи до себе не сака да се осврнува на тие теми, освен во штос или ако треба некому да му спушти.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)