Се разбуди и не можеше да се сети дали сонувал и што сонувал, се отвори, со животворност на цвет, многу побрзо отколку што заспиваше, влажен под кошула и в чевли, сплеткан во чаршафот и со чувство дека низ светкавата, ќурчиски затегната кожа на темето му пробиваат неброј врвови на игли, се рабуди со едно недоизјаснето сознавање предизвикано од шум или од мирис или од продорност на нечии очи и скокна со брзо движење отварајќи ја вратата.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
И потоа лежевме така во мракот, молчејќи во тишината, а кога ќе го слушневме првиот шум или првиот крик, одново ги затворавме очите, и се обидувавме да заспиеме. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Клара и јас бевме дел од оние на кои им беше дозволено во групи, во придружба со болничари, да излегуваат од кругот на болницата и да прошетаат по градот, но сепак ни таа ни јас никогаш не посакавме да излеземе од Гнездо, останувавме со оние на кои им беше забрането да излегуваат надвор од психијатриската клиника.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ѕиркаше чес во мене, час во гробот како да очекува некој шум или некој знак за којшто дошол или очекува да го слушне или да го види.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)