На тоа мислеше дури кога трагата го искачи на еден висок срт, дигнат над сите бели шуми наоколу, заздишен и со првата болка во колениците.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Долненчани од населбата до Б. ми кажуваа дека кога се вратил, со парите од Америка во Долнец купил онолку земја и шума наоколу, колку што имале сите други заедно во местото.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Се потпираше со грбот на некое дрвце, тргаше на лулата и гледаше во огромното небесно синило над себе, во блескавата ереска вода во далечина, гледаше во зелената шума наоколу, го слушаше пеењето на птиците, шумот на водата што се спушташе низ брегот - и си замислуваше како ќе изгледа бањата што ќе биде изградена овде кога ќе запре чадот.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)