Една ноќ на Мостот на воздишките во Венеција многу мирисаше на бонбони бадемлии, на повеќето минувачи очите им беа замаглени од тага – кој ѓавол ги терал нивните далечни претци да ги измислуваат парите, та сега секоја ноќ да им е ноќ на смрзнатите графикони, банкарите предвреме да оштрбуваат ама око да не им трепнува отшто здивот им е расипан.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)