ѓавол (имн.) - го (зам.)

Секој ден повторно проштеваме, за пеколот во кој се наоѓаме, го вртиме и другиот образ, со нашата труд и мака, ѓаволот го гоштеваме.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Кој ѓавол го терал да побегне од својата родна земја?! Да остави рода и земја!
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Андриќ сфатил дека ѓаволот го повикува на кавга, па му рекол дека во литературата, исто како и кај парите, има едри и ситни.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Умиравме, умирале, умираат без засолн во часот суден Ослободени од тврдоста на телото што ѓавол го зема.
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Само ѓаволот го гледа она што ние не го гледаме!“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Нишката се спушташе од сонцето.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Несреќниот ѓавол црн ѓавол го зел.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Чув, не можеш од мене да скриеш те издаде нечие присуство: дека побрзо ќе гниеш од сите кои со тебе беа, а не го признаа твојот удел Иако во дните страв беше влеал успеа да го земеш само она што ѓаволот го нудел... 2006
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
знаеше дека пламените јазици нема да му лизнат во гордоста ниту во гумираното платно на параглајдерот, ама не знаеше дека мигум може да му се стутка платното и да се урниса како приказната за прометеј (кај се видело бронзен параглајдерист) кому никогаш нема да му се разјасни кој ѓавол го довлечка во скопје а нема да му се разјасни ни табиетот на македонците од секој оган да прават големи пожари.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)