ѓавол (имн.) - се (зам.)

Туку шуќур си велам денеска што е недела Па поповите имаат венчавки и крштевки И немаат време за визитации на коали и други сонувачи На сон поп ако ти дојде ќе ти напраи триста лошотии На сон владика или поп и за ѓаволи се веруваат А богами не се чуло дека и на јаве ги есапат за ангели Така барем велат дојденците од Македонија кои своите попови Повеќе се среќаваат по судови одошто по црквите За да расчистат како може тоа што народот го изградил Да не биде народно ами попово И како може некој да биде овчар ако нема стадо И многу имотно-правни а не духовни работи Расчистуваат македонските попови по австралиските судови
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
На Универзитетот во Јена на крајот од седумнаесеттиот век професорот по медицина Ернст Фридрих Ведел им објаснувал на своите студенти на кои начини ѓаволот се манифестира кај луѓето преку лудилото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ѓаволот се даде на работа. „Де, Митро, сега или никога. Еве ти го душманот в раце!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)