Огнот се вивнал и пушта златни пламени и искри и на Доста ѝ се претвораат во безброј ѕвезди што ја осветлуваат куќата за подобро да може да ја види нејзината искра, од која има да пламне силен оган во нејзината згасната душа.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
На разделбата, погледот на Рада го фати падот на ѕвездата што умира.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Едновремено, бидејќи водата ја означува и Невестата, можеме да претпоставиме дека Duchamp уште еднаш се идентификува со неа и/или дека Невестата треба да биде посветена.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Но појдовната точка на Duchamp за неговата „Велска вода“ - „Темјанушкината вода“ (Eau de Violette) -уште повеќе ја збогатува играта со зборови. 92 Алхемичарите ѕвездите што паѓаат ги нарекувале “небески цветови”.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Љубовна луња на усните на млекарката што пее квечерина и Одот нејзин што отвора тајни врати низ кои се гледаат Белата грива на детството Грозно ронење на твоите години и ѕвездите што ќе трепкаат врз тебе.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Сонцето што изгрева а не заоѓа ѕвезда што не гасне птица што не секнува.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Паѓам само во некоја празнина. Ко ѕвезда што паѓа од ведро небо.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Јас ја кренав главата и видов една ѕвезда што се заниша и што падна од небото над манастирот. Каде што падна и отец Висарион. 21
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Господе, пак си мислам, чии се оние ѕвезди што паѓаат, што гаснат? Чија душа гасне со нив?
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Јас сум ѕвезда што тлее и која патот низ ништото сѐ уште не ја истрошил.
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)