Пред него се велеше спроти сонот и јавето Ама тој прв рече спроти јавето и сонот А после рече сонот против јавето или јавето против сонот И шуќур што јас си живеам на евкалиптус И си брстам ментолни лисја таман колку што треба А ако живеев на секвоја Секако трипати помалку ќе спиев И во долгото јаве ќе морав нешто и да работам Скраја да е секвојата и се гледа богати
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
Најпосле го пробија, откорнаа еден камен-два, а потоа полесно почнаа да ја прошируваат дупката и да навлегуваат внатре; кога го пресекоа ѕидот на онаа висина на која удираа, тој се урна, а со него и оној дел од покривот што лежеше на него, откинувајќи се исто онака како што Бандо го виде во сонот; и сега, гледајќи го повторно тоа паѓање, не знаеше дали е ова на јаве или повторно сонува.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)