Кога повторно се собравме
наместо да тргнеме
откривме дефект во колата
требаше време за да се отстрани
сестра ми рече гладни сте вечерајте
не се оди на пат гладен
не доаѓа предвид реков
очај ме обзема од постојано јадење
кога треба да патуваме преживаме
кога треба да патуваме.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)