— Море, да не не собере сете, вака џумле, и да не нареде крај зидот, да не истепа, та јадењето ќе го простиш — проговори четврт.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Кога јадењето ќе беше готово, го тераа првин тој да јаде, а потоа офицерот им даваше на војниците.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Некој ќе се обиде да каже нешто и малку од јадењето ќе му испадне од устата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
— Море, камо го!... ами и тој како агите се успал — одговори некој.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Бидејќи ние со домаќинот мој бевме сложни, што се вели како со еден ум и со една душа, јас уште од вчерадента знаев што ќе ми работи човекот мој утредента и, утрото, пред него ќе бев станата, торбата со јадењето ќе му ја имав стокмено, ќе му помогнев да ги истера воловите од аурот и да ги прегне или да ја самари маската, ако требаше да му помогнам на маска да се качи, стол за поткачување ќе му изнесев, маската од порта надвор за водило ќе му ја заводев, до над куќи ќе го испратев, ќе му го дадев водилото в раце, ќе го пуштев да одмине и по него трипати ќе се прекрстев.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Пред секое јадење ќе се постројуваме на ова место.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)