Во народните говори се сретнува и синонимот на пенџере заемката џам (од персиски cam), што инаку во турскиот јазик означува стакло.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Камилски како значајни ги избра и заемките: мушабак, вид дрвена решетка што се ставала од надворешната страна на прозорците во муслиманските куќи (од арапски muabak); ќепенок, дрвен капак со кој се затворале дуќаните, а дење служел како тезга или излог (од турски kepenk); мазгал, мал тесен отвор на тврдина, а подоцна и прозорче по апсаните и магазите.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)