јазик (имн.) - се (гл.)

Последните огнени јазици се најдолги, а последната воздишка - најдлабока.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Јагиќ ни вели дека јужнословенските јазици се и биле синџир од наречја; исто така дека сите јужни Словени до образувањето на бугарската, српската, хрватската и словенечката134 држава се викале со едно име -Словени.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И затоа голем број лексички заемки од турскиот јазик се најмногу во врска со урбаниот јазик.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Приличен број заемки од персискиот јазик се називи на цвеќиња: ѓул, зумбул, јасмин, јоргован, лале, менекѓе, селвија, шебој, шишмир, потоа неколку зборови во врска со нив како: бостан, карпуз, лимон, наранџа, патлиџан, урма, ѓефтелија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И словенските јазици се мошне присутни на Балканот, како службени и стандардизирани, како што се словенечкиот, српскиот, хрватскиот, босанскиот, бугарскиот и македонскиот...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски потоа утврди дека од урбаните средини влијанието се распространува и во руралните предели каде што турските лексички елементи ќе влегуваат од втора рака, но и натаму дури и до денешни дни ќе се чувствува нивното присуство и влијание.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Белезите, трагите, афинитетите кон другите јазици се симултано присутни со претставувањето на она на што текстот се однесува.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Бидејќи при преведувањето јазиците се допираат макар и малку или површно, пред тие повторно да се разделат; можностите се прикажуваат самите себеси пред чинот на именувањето и идентификувањето да ја запре интерактивната игра.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Јазиците се сѐ уште испреплетени за да не кажат некоја глупост.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Во таа теорија на слики Витгенштајн тврди дека исказите од кои е сочинет јазикот се аналогни на низи од слики.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)