И така... Кога ќе ми текне, тогаш јазикот ми се здрвува, тучки зборот ми застанува...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Распитот си трае: веќе и јазикот ми се поти од зборување.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
МИТРЕ: Во... во... Е, бре... на јазиков ми е пустината и не можам да го речам! Митрејце, дај ја адресата!...
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Како е бре?... Тфу, на врв јазик ми е, ете, тучки, баш тучки... - таа покажа на јазикот со валканиот прст.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Јазикот ми беше влакнест, старечки: лежеше во ковчегот на вилиците како бессилен мртовец.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Луѓето џвакаа и зачудено го гледаа. Нивните големи залаци предизвикуваа болка во моето грло.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)